Ај честито! се уникатни дизајнирани честитки на македонски јазик.
Честитките не само што се на македонски јазик, туку се и во духот на македонскиот народ – весели, шеговити и радосни. Токму какви што се убавите пригоди за кои се наменети (родендени, свадби, веридби, матурски, дипломски, одење во пензија, вселување во нов дом, изјавување љубов…).
Освен на стандарден македонски јазик, дел од честитките можат да се најдат и на уникатниот битолски дијалект, кој нема кој не го обожава 😀 Лека-полека, работиме на тоа пораките од Ај честито! да зазвучат и на останатите наши преубави дијалекти.
„Ај честито“ е проект на маркетинг-агенцијата „Импакта“. Со него сакаме да ѝ вратиме на нашата заедница од која сме дел и на нашата култура која нè оформила да бидеме тоа што сме. Го сакаме и сакаме да го зачуваме нашето културолошко богатство на честитки и фрази, кое е огромно. Затоа што тоа е наше, тоа сме ние и зашто „Happy birthday“ никогаш нема да го има истиот ефект како „Голем(а) да растеш!“!