Доаѓа Нова годинааа. Време е за уживање во новогодишно украсување, весела празнична атмосфера и топли семејно-колегијални друженки.
Ама највреме е за испраќање убави и искрени пораки. Еве една хумористична, од и за сите мачкари и мачкарки. Нашето мачорче заспано на буренце (зошто ли, зошто, погодете сега!) не го буди ни топ да пука, ни топче во глава сега и тука. Пораката е јасна: „Ништо нека не те допира во новата година“ ;).
Честитката оди заедно со плико во соодветна боја и е спакувана во заштитна ќесичка.
Рецензии
Сè уште нема рецензии за производот.